Дома Трансфер зона Њукасл испрати понуда за Асенсио

Њукасл испрати понуда за Асенсио

Њукасл испратил прва понуда до Реал Мадрид за Марко Асенсио,  пренесуваат англиските медиуми.

Асенсио влезе во последната година од договорот, а Реал одлучил да не му понуди продолжување на соработката. Тоа значи дека Шпанецот или ќе биде продаден ова лето или следното лето ќе замине како слободен агент.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Првата опција е многу поприфатлива за Реал, но и за самиот Асенсио, кој не сака уште една сезона да ја помине на клупата за резерви, особено во година кога има Светско првенство.

Интерес за Асенсио покажуваат Милан и Ливерпул, но најконкретен е Њукасл кој веќе испратил понуда од 24 милиони евра плус бонуси до Реал Мадрид.

Њукасл му нуди многу висока плата на Шпанецот за да го убеди да се пресели во нивните редови, но Асенсио во моментов преферира клуб кој настапува во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…