На Њукасл итно му е потребен напаѓач.
Во Њукасл не очекуваа вака да изгледа сезоната во која се вратија во Премиер лигата. Откако се „прошетаа“ во Чемпионшип и го задржаа Рафа Бенитез на клупата, овој клуб очекуваше без проблеми да изборат опстанок во Премиер лигата и место барем во средината на табелата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа после 24 одиграни натпревари Њукасл се наоѓа на 15 позиција со само еден под над зоната на испаѓање. Уште повеќе алармантно од нивните 13 порази звучи и податокот дека на 24 натпревари постигнаа само 22 погодоци.
Поради тоа не зачудува и веста која ја пренесува англиски „Гардијан“ . Наводно, Рафа Бенитез избрал напаѓач кој би го решил овој проблем, а тоа е Кевин Гамеиро од Атлетико Мадрид.
Понудата која се споменува дека овој клуб е спремен да ја испрати изнесува 16 милиони фунти.
Newcastle are working on a deal to bring Atlético Madrid's French striker Kevin Gameiro to St James' Park. (Source: Daily Express) pic.twitter.com/n1QYnhIPYq
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 23, 2018