Дома Фудбал Јунајтед го очекува кошмарен јануари, а Аморим не планира да прави промени

Јунајтед го очекува кошмарен јануари, а Аморим не планира да прави промени

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа доживеаја нов пораз, овој пат во Премиер лигата од Њукасл на „Олд Трафорд“ со резултат 0:2.

Уште едно разочарувачко издание на тимот на Рубен Аморим, кој по своето доаѓање успеа да ги разбуди за момент. Јунајтед повторно не игра добро, тимот кој го има на располагање португалскиот стратег едноставно не е комплементарен кога излезе на теренот и организираните екипи лесно ги пробиваат блоковите и стекнуваат предност по која „ѓаволите“ не можат да се вратат.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Аморим вчера по натпреварот зборуваше за својата тактика истакнувајќи дека не планира да ја промени својата идеја, односно ќе се обиде да игра со тројца дефанзивци и бекови со офанзивен карактер и висока поставеност.

„Не, бидејќи тоа за мене би било крај. Морате да сте фокусирани на своите идеи. Ако почнете да менувате поради резултатите, тоа е крај за секој тренер и јас тоа многу добро го знам. Се обидувам да го адаптирам тимот за да победува, но не можам да престанам да ја ‘продавам’ својата идеја”, изјави Аморим.

Се очекува Манчестер Јунајтед да биде многу активен на пазарот во текот на летото за да доведе играчи кои се поприлагодливи на системот на поранешниот стратег на Спортинг, а во исто време и да го продаде вишокот играчи. Сепак, финансискиот фер-плеј е сериозен проблем за славниот клуб и ќе мора да се случи голема распродажба за да се балансираат финансите.

„Немаме можност да ангажираме играчи во јануари доколку не продадеме некои фудбалери. Не е ситуација каде што со моето доаѓање тука можам да потрошам големи пари за да го променам тимот, го знаете тоа”, порача Аморим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Манчестер Јунајтед му се заканува загуба од стотици милиони евра од добавувачите на опрема

Манчестер Јунајтед оваа сезона е многу поблиску до испаѓање од Премиер лигата отколку до Л…