Дома Фудбал Јован Манев: Тешки денови, сите изгубивме свои блиски – ќе играме за нив!

Јован Манев: Тешки денови, сите изгубивме свои блиски – ќе играме за нив!

Во пресрет на натпреварот Македонија – Лихтенштајн воведен од квалификациите за Светското првенство 2026, македонскиот репрезентативец Јован Манев зборуваше за претстојниот предизвик, но и за тешките моменти низ кои поминува тој и целата нација по големата трагедија што ја потресе јавноста.

Со емоции, тој истакна дека доколку добие шанса ќе даде се од себе на теренот, посветувајќи го настапот на оние кои повеќе не се со нас

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ова се многу тешки денови за мене и за сите нас, изгубив, изгубивме сите блиски пријатели, но знам дека тие би сакале да бидеме овде и да се бориме за нашата земја и за репрезентацијата. Ќе ни недостасуваат засекогаш и никогаш нема да бидат заборавени. Затоа ако ми се укаже шанса, како и моите колеги ќе го дадаме максимот во нивна чест. Ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност и да постигнеме резултати, пред се за настраданите“, изјави Манев.

Maкедонија натпреварот против Лихтенштајн го игра на 22 март во Вадуц, додека три дена подоцна дома го пречекуваме Велс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски и официјално го соопшти комплетниот свој стручен штаб!

Во стручниот тим како асистенти на Седлоски ќе работат Борче Христов – шеф на стручниот шт…