Дома Останати Кошарка Јокиќу му недостигаше една асистенција за трипл-дабл, Бостон сепак пресилен за Денвер

Јокиќу му недостигаше една асистенција за трипл-дабл, Бостон сепак пресилен за Денвер

ВО НБА лигата, Бостон го победи Денвер со 110:103, зацврстувајќи се на втората позиција во Источната конференција.

Ова беше дуел на двата последни НБА шампиони. Бостон триумфираше минатата година победувајќи го Далас со 4:1, додека претходната година во финалето Денвер со 4:1 во победи беше подобар од Мајами.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Селтиксите со оваа победа го прекинаа низот од два порази и сега имаат рекорд од 43 победи и 18 порази, зад водечкиот тим на Истокот, Кливленд Кавалирс (49-10). Од друга страна, Денвер го запиша вториот пораз во последните три натпревари и моментално е втор на Западот со 39 победи и 22 порази. Сигурно водечки на Западот е Оклахома Сити Тандерс со 48 победи и 11 порази.

Бостон подобро го отвори мечот и по првата четвртина имаше предност од 12 поени (32:20). Во второто полувреме предноста се зголеми на 20 поени (59:39), но гостите на почетокот на последната четвртина ја намалија на четири поени (83:79). Во завршницата Денвер се доближи на само три коша разлика (102:99), но не стигнаа подалеку. На крајот заврши 110:103 за Бостон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Урнебесно: Дончиќ постигна кош од половина терен, а тренерите во Лејкерс добија казна

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс забележаа втора последователна победа против Лос Анџеле…