Седум натпревари беа одиграни во НБА лигата во ноќта меѓу петокот и саботата. Денвер како гостин го прекина својот низ од три порази со победа во неизвесната завршница против Филаделфија.
Нагетс славеа на крајот со 137:134 предводени од Џамал Мареј кој постигна 31 поен со 11 асистенции и Никола Јокиќ на кој му недостасуваше еден скок за нов трипл-дабл. Српскиот центар го заврши натпреварот со 28 поени, 13 асистенции и девет скокови. Имаше шут од игра 10 од 14 и два од три за три поени.
Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓
Портер додаде 24 поени, Стротер 18, а двоцифрени беа и Браун со 15 и Гордон со 11 поени.
Во екипата на Филаделфија, Макси постигна 42 поени со девет асистенции, Џабусел изброја до 28.
Неизвесно беше цело време, па и во финишот. Филаделфија изедначи на 130:130 на 54 секунди до крајот, но следеа погодоци на Мареј за три и Јокиќ за два поена, за сè да се реши со две погодоци слободни фрлања од Мареј на три секунди до крајот.
.