Никола Јокиќ од натпревар до натпревар изведува потези кои ги воодушевуваат сите. Така беше и на натпреварот во Мајами кој Денвер го доби (133:113). Србинот и покрај повредата на лактот излезе на теренот и доминираше со нов трипл-дабл. И не само тоа, изведе асистенција за паметење.
Во третата четвртина тој му додаде на Ерон Гордон без да гледа. Веднаш штом ја прими топката, знаеше каде се наоѓа неговиот соиграч и додаде зад грб, без да гледа. Гордон ја фати и силно забиваше. Друг српски кошаркар, Никола Јовиќ, се најде под кошот во таа ситуација, виде што се случува и одлучи да се тргне, не сакаше да заврши на „постер“.