Дома Останати Кошарка Јокиќ и Нагетси со пресврт дојдоа до нова победа

Јокиќ и Нагетси со пресврт дојдоа до нова победа

НИКОЛА ЈОКИЌ постигна 22 поени, имаше 15 скока и шест асистенции, Расел Вестбрук додаде 25 поени, а Џамал Мареј 24 со осум асистенции за победа од 116:110 на Денвер Нагетс против Сакраменто во ноќта од среда кон четврток. Нагетси до победата дојдоа со пресврт во завршницата на натпреварот.

Сакраменто поведе со 93:84 на влезот во четврта четвртина. Денвер првото водство на натпреварот го постигна со тројка на Зек Ннаѓи, нешто повеќе од осум минути до крајот, а победата ја обезбеди со слободните фрлања на Јокиќ и Мареј во самата завршница.

Јокиќ синоќа шутираше девет од 18 и беше под својот сезонски просек во бројот на поени и асистенции. Имаше и седум изгубени топки. Трикратниот МВП на НБА лигата и фаворит за четврта титула на најкорисен играч во основниот дел, оваа сезона е на просек од 28.9 поени, 12.7 скокови и 10.4 асистенции по натпревар, што се најдобри негови бројки во кариерата.

Нагетси со оваа победа ја засилија борбата за второто место на Западот, кое моментно го држат освежените ЛА Лејкерси со пристигнувањето на Лука Дончиќ. Нивната победничка серија вклучува седум натпревари и е најдолгата активна во Западната конференција на лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Харден потсети на старите времиња – со 50 поени го понижи Детроит (Видео)

Лос Анџелес Клиперс конечно стави крај на низата од три последователни порази, враќајќи се…