Манчестер Јунајтед сака да се засили во зимскиот преоден рок, а прва мета е играчот за врска на Вест Хем, Деклан Рајс.




Неговата вредност на пазарот секојдневно расте, па Јунајтед сака да го реализира трансферот уште во јануари и со тоа да ја победи конкуренцијата.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Рајс има долг договор со Вест Хем, па „црвените ѓаволи“ ќе треба добро да го одврзат ќесето за да го донесат на „Олд Трафорд“.




Англиските медиуми пренесуваат дека Ралф Рангник дал „зелено светло“ за трансферот, а Јунајтед е спремен да го сруши сопствениот трансфер рекорд, бидејќи Вест Хем за слободата на играчот бара 100 милиони фунти.