Дома Фудбал Англија Јунајтед ја почнува мисијата за доведување на Левандовски

Јунајтед ја почнува мисијата за доведување на Левандовски

lewandoski

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е на мета на европските великани, без разлика што игра веќе во еден од нив.

Левандовски оваа сезона доминира во Минхен, но се повеќе има шпекулации за негово заминување. Иако претходно најмногу се поврзуваше со Реал, германски Кицкер утрово објави дека Јунајтед е најсериозниот кандидат за неговиот потпис.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Марк Ловел, дописникот на ЕСПН во Баерн, потврди дека Манчестер Јунајтед е единствениот клуб кој имал официјални разговори со Баерн поради Левандовски.

Нема детали какви услови се понудени од Олд Трафорд и колку е тоа били прифатливо за Баерн, но сигруно во наредниот период ќе се дознаат повеќе информации.

Лева има договор со Баерн до 2021. година, но поради разни околности неговата иднина во Минхен е доведена под знак прашаник. Тој од неодамна го раскина односот со агентот, па сега го застапува Израелецот Пини Захави, кој наводно е за тоа Лева да замине во Англија или Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: „Топџиите“ ја напаѓаат Божицата

Денес продолжува новата сезона во Лигата на шампиони во нов формат, а еден од најинтересни…