Раководството на Манчестер Јунајтед е спремно да го продаде Пол Погба на крајот на сезоната и веќе ја одреди цената за Французинот.
Според „Сан“, минатото лето клубот од „Олд Трафорд“ барал 150 милиони фунти – сума што ги откажа Реал Мадрид и Јувентус, кои покажуваат најголем интерес за Французинот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Цената сега е 100 милиони, а агентот на играчот Мино Раиола е информиран дека Погба е слободен да замине во текот на летото, доколку се најде клуб да ја плати бараната сума.
Проблем за „црвените ѓаволи“ е што после лошата сезона цената на Погба драстично падна. Реал Мадрид кој е прв фаворит за потписот на Французинот е спремен да плати „само“ 50 милиони фунти.
26-годишниот играч за врска од септември до сега има одиграно само 71 минута поради проблеми со повредите.
Paul Pogba has unfollowed Anthony Martial and Marcus Rashford on Instagram.
— Man Utd Channel (@ManUtdChannel) February 18, 2020
Martial has also unfollowed Paul Pogba. pic.twitter.com/Doca7TWFL8