Дома Трансфер зона Јунајтед ја најде замената за Погба

Јунајтед ја најде замената за Погба

Иднината на Погба во Манчестер Јунајтед е нејасна бидејќи Французинот влезе во последната година од договорот и засега одбива да ја продолжи соработката.

„Црвените ѓаволи“ ќе направат се за да го задржат Погба на „Олд Трафорд“, но информациите се дека тој одлучил следното лето да ја промени средината како слободен агент.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Раководството веќе почна да бара замена за Французинот, а прва желба е Јури Тиелеманс од Лестер.

24-годишниот белгиски репрезентативец ја игра четвртата сезона во Лестер и е еден од клучните фудбалери во тимот.

Тиелеманс има договор на уште две години со „лисиците“, но е спремен за чекор напред во кариерата, па Јунајтед стапил во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…