Се поизвесно е дека Пол Погба на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Јунајтед, а медиумите на Островот тврдат дека „црвените ѓаволи“ веќе нашле замена.
Французинот влезе во последната година од договорот и засега одбива да ја продолжи соработката, а Јунајтед нема намера да го убедува, па веќе почна да бара замена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според англиските медиуми, прва желба е Јури Тиелеманс од Лестер. 24-годишниот белгиски репрезентативец ја игра четвртата сезона во Лестер и е еден од клучните фудбалери во тимот.
Тиелеманс има договор на уште две години со „лисиците“, но е спремен за чекор напред во кариерата, па Јунајтед стапил во контакт со неговиот агент.