Дома Топ вести Јунајтед се приближува до Санчо, позната и цената

Јунајтед се приближува до Санчо, позната и цената

Неодамна германските медиуми пренесоа Борусија Дортмунд постави нова цена за Џејдон Санчо и е спремна на крајот на сезоната да го пушти играчот за 90 милиони евра.

Манчестер Јунајтед не успеа да го донесе англискиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ минатото лето, а проблем беше токму цената од 120 милиони евра, која Јунајтед сметаше дека е превисока.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Дортмунд се соочува со сериозни финансиски проблеми и ќе мора ова лето да продаде некоја од своите ѕвезди.

Прва причина за намалување на цената е новонастанатата финансиска ситуација поради пандемијата. Втората причина е слабата форма на Санчо оваа сезона, а англиските медиуми тврдат играчот веќе има договор со „црвените ѓаволи“.

Санчо е примарна трансфер цел на Манчестер Јунајтед и овој пат е спремен да ја плати сумата од 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…