Младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Каи Хаверц веќе го привлече вниманието на многу европски гиганти кои ја започнаа битката за неговиот потпис.
Станува збор за еден од најголемите таленти во Европа, кој блеска во дресот на Баер Леверкузен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Фармацевтите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а неговата цена секојдневно расте. Според информации на германските медиуми Леверкузен бара 80 милиони фунти за неговиот потпис.
За Хаверц интерес покажуваат многу европски гиганти, а медиумите тврдат дека Манчестер Јунајтед е спремен на лето да ја плати сумата од 80 милиони фунти.
Последните информации од Островот се дека Јунајтед се откажал од Санчо и ќе тргне по потписот на Хаверц.