Манчестер Јунајтед ќе се вклучи во битката за потписот на ѕваздата на Ајакс, Дони ван де Бек, пренесуваат англиските медиуми.
Холанѓанецот веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но „црвените ѓаволи“ сакаат во последен момент да го „украдат“ играчот пред носот на „кралевите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште минатото лето Ван де Бек се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, а наводно преговорите се одложени за ова лето.
Фактот што „кралевите“ се уште немаат комплетен договор со Ајакс им дава можност на „црвените ѓаволи“ да се вклучат во трката за неговиот потпис.
Манчестер Јунајтед направи вистински погодок со ангажманот на Фернандеш во јануари, а Солскјер сака да го комплетира средниот ред токму со Холанѓанецот од Ајакс.