Како што пренесува новинарот на „Ел Конфиденсијал“, Кике Марин, Месут Озил е на чекор од постигнување договор со Манчестер Јунајтед, каде што би можел да се пресели после три месеци.
Германецот влегува во последната година од договорот, што значи дека од први јануари има слобода да потпише пред договор со својот нареден клуб, а тоа би можел да биде Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Озил беше миленик на Португалецот во Реал Мадрид, да тоа беше пред пет години, но ако успеа да го врати во старата форма „црвените ѓаволи“ би добиле огромно засилување и тоа без оштета.
Озил во последните недели е на удар на критичарите поради слабата форма и лошите настапи за Реал Мадрид, а во овие моменти поради полесна повреда е надвор од тимот.
Да потсетиме, Озил под водство на Мурињо стана најдобрата „десетка“ во светот, заедно освоија три трофеи, а сега после пет години повторно би можеле да соработуваат.