Во последните неколку денови најугледните англиски медиуми пренесуваат дека челниците на Манчестер Јунајтед се спремни да му понудат на Жозе Муроњо нов договор, и тоа не обичен договор.
„Мирор“ тврди дека раководството на Јунајтед сака да го „врзи“ Португалецот со нов десетгодишен договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако „црвените ѓаволи“ имаа лош старт на сезоната, сепак Јунајтед во Мурињо гледа долгорочно решение и е сигурен дека „Специјалниот“ ќе го врати клубот на старата слава.
Интересно, Мурињо пред Јунајтед предводеше шест клубови, со сите оствари одлични успеси, но во ниту еден не се задржа повеќе од три години. Исто така и кога пристигна во Јунајтед потпиша тригодишен договор.
Иако неговото семејство живее во Лондон, а тој во хотел во Манчестер каде навивачите секојдневно му досадуваат, сепак Португалецот е задоволен на „Олд Трафорд“ и е спремен да остане тука уште долги години.
Челниците на Јунајтед сакаат од Мурињо да направат нов Фергусон, бидејќи во него гледаат долгорочно решение и политиката на клубот е да не менува често менаџери.