Дома Трансфер зона Јунајтед не престанува, по двајцата млади играчи, сега пристигнува еден искусен играч

Јунајтед не престанува, по двајцата млади играчи, сега пристигнува еден искусен играч

Манчестер Јунајтед го ангажираше Даниел Џејмс од Свонси, како прво засилување на клубот ова лето, а наскоро како второ летно засилување треба да биде претставен Ерон Ван Бисака од Кристал Палас.

Јасно е дека ова е само почеток на трансфер периодот, а како што „Sky Sports“ ги пренесува пишувањата на каталонскиот „Sport“, управата на клубот од „Олд Трафорд“ подготви и понуда за една стара желба. Според пишувањето на каталонскиот медиум, Јунајтед подготвил понуда од 35 милиони евра за услугите на 31-годишниот Иван Ракитиќ.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак, се знае дека Валверде го цени поранешниот играч на Севиља, но Барса е спремна да го пушти за 50 милиони евра. Дали во Јунајтед се подготвени да ја зголемат понудата и двата клуба да се најдат на пола пат ќе дознаеме во следните денови. Како и да е, ова е само доказ дека Јунајтед ова лето нема да доведува само млади играчи, иако тоа е желба на тренерот Солскјер, да доведува фудбалери кои би ги развиле во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…