Дома Фудбал Англија Јунајтед и Арсенал ги поделија бодовите на Олд Трафорд

Јунајтед и Арсенал ги поделија бодовите на Олд Трафорд

Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд во последниот натпревар од 7. коло во Премиер лигата го пречека Арсенал и одигра 1:1.

Црвените ѓаволи после поразот во претходното коло на гостувањето кај Вест Хем посакуваа да дојдат до победа со што би му се приближиле на горниот дел од табелата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак, првиот дел од натпреварот донесе бледо издание на Јунајтед, но и за Арсенал, па за прв удар на голот требаше да се чека се до 27. минута.

Вториот дел од првото полувреме донесе нешто подобра игра, а во 44. минута Арсенал можеше да стигне до водство и тоа на два пати во една акција, но Де Геа одлично реагираше.

Минута подоцна беше 1:0 за Манчестер Јунајтед кога Скот МекТоминај со прецизен удар го совладата Лено за ерупција на Олд Трафорд.

Почетокот на вториот дел донесе нешто подобра игра на Арсенал со која во 58. минута стигна до изедначување кога Обамејанг стрелаше за 1:1.

Помошниот судија го поништи голот поради офсајд иако ситуацијата беше потполно чиста, но за среќа на навивачите на Арсенал на сцена стапи ВАР и го призна голот.

После тоа Манчестер Јунајтед беше подобиот тим на теренот и константно напаѓаше и создаваше шанси за гол.

Одлична шанса во 91. минута имаше Рашфорд кога шутираше од слободен удар, но голманот на Арсенал го одбрани неговиот шут и остана 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…