Aко им веруваме на островските медиуми Манчестер Јунајтед ја започнал офанзивата на Рафаел Варан.
Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед испратил понуда од 40 милиони фунти, односно околу 46 милиони евра, а таа понуда никако не ги задоволува апетите на Перез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид „зацртал“ цена од 70 милиони евра и нема да се согласи на помала цифра, иако ова лето е последна шанса за продажба на Варан ако дефанзивецот не потпише нов договор.
Во претходните недели се шпекулираше дека Варан е уморен и желен за нови предизвици и дека гледа конПремиер лигата. Наводно Варан верува дека ова е идеален момент да ја промени средината затоа што верува дека ако потпише нов договор тешко дека Перез ќе го пушти. Посебно ако се земе предвид дека на една година пред истекот на договорот за него бара 70 милиони евра.
Реал Мадрид во овој момент не е многу загрижен, Милитао игра одлично оваа пролет, тука е Начо, а веројатно доаѓа и Давид Алаба.