Дома Топ вести Јунајтед згреши, Ливерпул поправа: Клоп го краде од Мурињо поранешниот играч на Јунајтед?

Јунајтед згреши, Ливерпул поправа: Клоп го краде од Мурињо поранешниот играч на Јунајтед?

Англиските гиганти водат голема битка за да го доведат одличниот дефанзивец.

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и сегашниот дефанзивец на Барнли, Мајкл Кин е на чекор од реализација на трансферот на кариерата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Како што пренесува „Мирор“, Ливерпул во моментов е во пол позиција за потпишување на 24-годишниот фудбалер на Барнли, иако Јунајтед се уште се обидува да го врати.

Кин потекнува од младинската школа на Манчестер Јунајтед, но не би имал ништо против да се пресели во Ливерпул. Mеѓутоа, условот е „црвените“ да обезбедат пласман во ЛШ следната сезона.

Жозе Мурињо го критикуваше Ван Гал поради продажбата на младиот Кин во Барнли, сега Португалецот сака да го врати, но цената не е толку мала бидејќи играчот се проценува на 25 милиони фунти.

Јирген Клоп во моментов е во подобра позиција, подготвен е да ја плати оваа сума, но мора да го исполни условот, а тоа е да обезбеди пласман во ЛШ следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…