Дома Топ вести Јунајтед го продава Погба, со тоа ќе финансира три трансфери

Јунајтед го продава Погба, со тоа ќе финансира три трансфери

Пол Погба последниот натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед го одигра уште кон крајот на септевмри кога „црвените ѓаволи“ играа на свој терен против Арсенал.

Французинот потоа се повреди од тогаш не заиграл, а постојано се шпекулира за неговата иднина на „Олд Трафорд“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Погба сакаше уште во летото да си замине од Јунајтед, а според извештаите на англиските медиуми тоа може да се случи во јануари.

Наводно, раководството од „Олд Трафорд“ е подготвено да ги слуша понудите за Французинот, а најсериозен кандидат за неговиот потпис е Реал Мадрид.

Евентуалните пари кои ќе ги добијат од трансферот на Погба ќе ги инвестираат на нови засилувања, а најголеми желби се  Саул Њигез од Атлетико Мадрид и Дони ван Де Беек од Ајакс.

Покрај двете засилувања во средниот ред, Солскјер е во потрага и по напаѓач, а најголема желнба е Халанд од Салцбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…