Дома Топ вести Јунајтед го победи Реал во трката за „новиот Ди Марија“ (видео)

Јунајтед го победи Реал во трката за „новиот Ди Марија“ (видео)

Манчестер Јунатед ја доби битката за потписот на 16-годишниот „вундеркинд“ на Бенфика, Емаро Емболо кого веќе го нарекуваат „новиот Ди Марија“.

„Црвените ѓаволи“ веќе една година го следат овој талент, а во текот на летото Бенфика ја одби нивата понуда од 7 милиони евра. Потоа во битката за потписот на Емболо се приклучи и Реал Мадрид кој понуди 10 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според португалскиот весник „Рекорд“ во оваа битка веќе има победник и Манчестер Јунајтед е тој што ќе го добие потписот на фудбалерот. Меѓутоа не е јасно колкава сума ќе и плати клубот од „Олд Трафорд“ на Бенфика.

Оваа сезона Емболо постигна 5 гола во 12 натпревари за младинците на Бенфика, а во португалската репрезентација до 17 години има постигнато 15 гола на 18 натпревари.

Фановите на Бенфика се лути на раководството затоа што сметаат дека подраниле со продажбата на големиот талент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…