Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за Моизес Каиседо, пренесуваат англиските медиуми.
Станува збор за еквадорски талент кој го привлече вниманието на многу европски гиганти, а веќе го добие епитетот „новиот Погба“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Погба е на излезна врата од „Олд Трафорд“, па „црвените ѓаволи“ веќе бараат негова замена и веруваат дека Каиседо би бил идеален наследним за Французинот во иднина.
Манчестер Јунајтед има стратегија за привлекување на млади таленти и веќе го купи Амад Диало од Аталната, па Каиседо се вклопува во таа стратегија.
„Црвените ѓаволи“ сакаат да го комплетираат трансферот во јануари, а цената на фудбалерот е 10 милиони фунти.