Дома Македонски спорт Мак фудбал Јулија Живиќ разочарана од ситуацијата во женскиот фудбал: Се повредив, а клубот не води никаква грижа, ниту стои зад мене!

Јулија Живиќ разочарана од ситуацијата во женскиот фудбал: Се повредив, а клубот не води никаква грижа, ниту стои зад мене!

Условите за женскиот фудбал во Македонија не се сјајни, а сега револтот од ситуацијата oд односот на клубот ЖФК Шкендија го искажа, македонската фудбалерка и долго време репрезентативка Јулија Живиќ.

Како што вели во својата изјава Живиќ по доаѓањето од тимот на Сплит во Шкендија заработила повреда на првиот натпревар, а по тој момент клубот не водел никаква грижа за неа, ниту пак стоел зад неа во било каква смисла.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Надвор од терените сум поради повреда која ја добив на првиот натпревар на почеток на сезоната во клубот во кој што продолжив да играм (ЖФК Шкендија) по завршувањето во Сплит. Клубот по таа повреда не води никаква грижа, ниту стои зад мене како клуб во било која смисла. Познавам и многу други играчи кои биле во слична ситуација и потоа добиваат одговор дека можеме да си бареме нови клубови и тоа непосредно пред почетокот на сезоната“, изјави Живиќ.

Како причина за таквиот однос на клубот кој подоцна и ги информирал и дека можат да си бараат нови средини, Живиќ ја смета политиката која како што вели таа ги „вмешала своите прсти“.

„Мешањто на политиката во спортот е причина за која што клубот не води грижа, тука се финансиите кои им се одземени по промената на власта по што преку порака бевме известени дека клубот наеднаш згаснува и да си бараме клубови на десет дена пред почетокотт првенството, а во ситуација кога сте повреден и остануваш без клуб ситуацијата не е едноставна“.

Сезоната во женскиот фудбал започнува на 25. август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…