Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е спремен да ја активира откупната клаузула на играчот за врска на Севиља, Стивен Н’Зонзи.
„Старата дама“ е во потрага по квалитетен играч за врска, а Н’Зонзи оваа сезона игра извонредно и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
27-годишниот играч за врска во неговиот договор со Севиља има откупна клаузула која изнесува 30 милиони евра, а „бјанконерите“ се спремни да ја активираат.
Медиумите тврдат дека Јувентус веќе се договорил со фудбалерот и ја изветил управата на Севиља дека ќе ја активира клаузулата во јануарскиот преоден рок.
Францускиот интернационалец треба да ја потполни празнината која ја остави Пол Погба кој ова лето го напушти Јувентус и се пресели во Манчестер Јунајтед.