Голeмите фудбалски гиганти, Јувентус и Баерн договорија уште еден голем трансфер.
Како што тврдат италијанските медиуми, Јувентус во своите редови сака да го види младиот Португалец, Ренато Санчез и наводно контактирале со Баерн за потенцијален трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Санчез минатото лето пристигна од Бенфика за 35 милиони евра, но во Минхен не се наигра. Настапи само на 25 натрпевари оваа сезона и не успеа да се наметне во играта на Карло Анчелоти.
Младиот Португалец е подготвен да си замине од Минхен. Тој сака да игра стандардно, а тоа во Баерн никако не му успева. Најголем интерес покажува Јувентус. Од Торино сакаат да го видат Санчез во нивните редови и подготвени се да платат 30 милиони евра за неговите услуги.
Многу е веројатно да дојде до тој трансфер ова лето. Јуве и Баерн имаат одлични односи претходните сезони и направија неколку интересни трансфери.
Следен би можел да биде токму Санчез, а покрај „Старата дама“, интерес за 19-годишниот играч покажува и Манчестер Јунајтед.