Едно од приоритетните засилувања за Јувентус во летниот преоден рок веројатно ќе биде класичен напаѓач.
Италијански „Тутоспорт“ пишува дека Јувентус има двајца напаѓачи на мета и на Гонзало Игуаин не му се даваат многу шанси да остане. Игуаин има 33 години и сезонава не е на потребното ниво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прво име на листата желби е напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименес. Мексиканецот одигра уште една одлична сезона во Премиер лигата и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.
Проблем би можело да биде високата цена бидејќи „волците“ за неговата слобода бараат 100 милиони евра.
Второто име на листата е Габриел Жесус. „Бјанконерите“ ќе се обидат да договорат трампа со „граѓаните“, така што на „Етихад“ ќе го испратат Даглас Коста плус пари.
? #Juventus – Caccia al bomber: il preferito è #RaulJimenez
— calciomercato.it (@calciomercatoit) July 22, 2020
? #CMITmercato https://t.co/bcbbH6rNnp