Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименес минатиот викенд се врати на терените после долгата пауза поради скршеница на черепот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хименес цели десет месеци беше надвор од терените поради тешката повреда, а самиот потврди дека е вистинско чудо што се вратил на терените.
„Лекарите и хирурзите ме информираа детално за она што се случи и за идните ризици. Тоа не се работи што сакам да ги слушнам, но тие си ја вршат својата работа. Ми рекоа дека е чудо што сум тука“.
„Коската беше пукната и имаше крварење во мојот мозок. Поради ова моравме да направиме експресна операција, а лекарите завршија одлична работа. Секогаш мислев дека по рехабилитацијата ќе се вратам на теренот и ќе го работам она што го сакам. Не сум ни помислил да се повлечам од фудбалот“, истакна Хименес.