Едно од приоритетните засилувања за Јувентус во летниот преоден рок веројатно ќе биде класичен напаѓач.
Гонзало Игуаин ова лето ќе ја напушти „старата дама“ бидејќи има 33 години и одигра слаба сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми откриваат дека прва желба на Јувентус е напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименес. Мексиканецот одигра уште една одлична сезона во Премиер лигата и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.
Проблем би можело да биде високата цена, а медиумите тврдат дека преговорите се започнати и Јувентус веќе спремил понуда.
Имено, „бјанконерите“ се спремни во трансферот да го вклучат Алекс Сандро плус 45 милиони евра за да го добијат потписот на Мексиканецот.
#Juve, #Paratici a Londra: #AlexSandro per arrivare a #Jimenez.
— SportMediaset.it (@Sport_Mediaset) August 19, 2020
Il Chief Football Officer bianconero a colloquio col #Wolverhampton per proporre contropartite tecniche.#SportMediaset https://t.co/Uzi2ioUxR1