Босанскиот репрезентативец, Миралем Пјаниќ веќе некое време е цел на шпекулации дека на крајот од сезоната ќе го напушти Јувентус.
Пјаниќ со „старата дама“ и оваа сезона успеа да ја освои тутлата шампион на Италија, но Лигата на Шампионите се уште остана неостварена цел. Плејмејкерот од доаѓањето од Рома веднаш го доби своето место во првиот тим и е еден од најважните играчи во екипата на Алегри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, традиционално Пјаниќ секој трансфер период е цел на различни шпекулации, а така е и сега кога се ближи летниот трансфер период. Италијанските медиуми објавија дека Пјаниќ ќе го напушти Јувентус и наводно е најблиску до трансфер во ПСЖ.
Пјаниќ изјави дека има желба да остане во Јувентус, но сепак во изјава за „Canal+“ изјави дека во фудбалот никогаш не знаете што може да се случи. Оваа изјава медиумите во Италија ја протолкуваа како сигурен доказ дека Пјаниќ ќе си замине и дека Јуве има во план да го продаде.
Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус ја одреди цената за играчот и дека доколку пристигне понуда од 80 милиони евра тој може да си оди.
Пјаниќ во Јувентус пристигна летото 2016. година од Рома, кога шампионот на Италија ја активираше откупната клаузула и го доведе за 32 милиони евра.