Дома Трансфер зона Јувентус тргнува по ѕвездата на Андерлехт!

Јувентус тргнува по ѕвездата на Андерлехт!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, играчот за врска на Андрлехт Јури Тилеманс е прва трансфер желба на Јувентус во летниот преоден рок.

Тилеманс важи за еден од најталентираните играчи за врска не само во Белгија, туку и во Европа.Сеуште не наполнил 20 години, а веќе неколку сезони скаутите на најголемите европски клубови редовно го посетуваат Брисел за да го следат неговиот развој.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Оваа сезона експлодира со неколку фантастични погодоци, вкупно постигна 14 гола на 39 настапи во сите натпреварувања, и сигурно на крајот на сезоната ќе се пресели во некој од европските гиганти.

Италијанските медиуми тврдат дека раководството на Јувентус веќе стапило во контакт со неговиот агент и започнале преговори, а Андерлехт за неговата слобода сигурно ќе бара помеѓу 25 и 30 милиони евра.

Покрај Јувентус силен интерес за Тилеманс покажуваат и неколку клуба од Премиер лигата, пред се Арсенал и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …