Дома Топ вести Јувентус спреми 120 милиони за „бисерот“ на Бенфика

Јувентус спреми 120 милиони за „бисерот“ на Бенфика

Италијанските и шпанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е спремен да ја плати откупната клаузула за „бисерот“ на Бефика, Жоао Феликс.

Жоао Феликс има само 19 години и е најголемо откритие на европскиот фудбал оваа сезона, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Феликс оваа сезона игра фантастично, па на вкупно 28 меча за лисабонските „орли“ постигна 11 гола и запиша шест асистенции.

За него силен интерес покажуваат Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ, Баерн Минхен, Барселона… но Јувентус сака да ја победи конкуренцијата и е спремен да ја плати откупната клаузула која изнесува 120 милиони евра.

Шпански „АС“ пренесува дека Јувентус е во „пол-позиција“ за потписот на Феликс бидејќи е во одлични односи со неговиот агент Жорге Мендеш. Притоа, спортскиот директор на „старата дама“ Фабио Паратичи веќе стапил во контакт со раководството на Бенфика.

Преговорите се во почетна фаза, но португалскиот клуб не сака да попушти и бара да биде платена откупната клаузула.

Феликс важи за еден од најперспективните фудбалери во Европа и веќе го нарекуваат „новиот Мбапе“, па поради тоа „бјанконерите“ се спремни да го одврзат кесето и да платат 120 милиони евра.

Весникот „АС“ додава дека Јувентус покажал интерес и за дефанзивецот на Бефика, Рубен Дијас, чија цена во моментов изнесува околу 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …