Италијанскиот шампион Јувентус е во потрага по квалитетно засилување во средниот ред, а откако Кристијан Ериксен е се подалеку од нив во редовите на „старата дама“ би можеле да се насочат кон една ново-стара мета – Пол Погба!
На Островот веќе подолго време се пишува дека Погба има желба да го напушти Манчестер Јунајтед. Реал Мадрид констатно се поврзува со Французинот најмногу поради тоа што неговиот сонародник Зинедин Зидан е на клупата на „кралевите“. Меѓутоа Јувентус не сака да се откаже и спремни до „Олд Трафорд“ да испратат понуда уште во јануарскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус го продаде Погба на Јунајтед во 2016 година за рекордна сума од 85 милиони фунти, а сега наводно сака да ја понуди истатата сума и плус во спротивен правец да го испрати Адриен Рабио. Рабио во Јувентус пристигна во текот на летото како слободен играч од ПСЖ меѓутоа досега не покажа многу.
После најавите дека Јувентус е сериозен во намерата би можеле да очекуваме реакција од Мадрид.