Дома Топ вести Јувентус спреми понуда за Погба: Две ѕвезди плус пари

Јувентус спреми понуда за Погба: Две ѕвезди плус пари

Италијанскиот гигант Јувентус не се откажува од намерата да го врати Пол Погба во своите редови и спремил одлична понуда за Манчестер Јунајтед.

Во последните неколку месеци се појавија многу шпекулации околу играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, и медиумите тврдат дека Погба ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Неговиот агент Мино Раиола во неколку наврати потврди дека Французинот сака да го напушти клубот, а најсилен интерес за него покажуваат Реал Мадрид и Јувентус.

Британските медиуми пишуваат дека Манчестер Јунајтед ја спуштил цената на Погба на 100 милиони евра и дека Јувентус спремил понуда која „црвените ѓаволи“ се спремни да ја прифатат.

Имено, „бјанконерите“ за потписот на Погба нудат 50 милиони евра плус Адриен Рабио или Арон Рамзи. Солскјер е голем симпатизен на играта на Велшанецот и Босанецот, па е спремен да ја прифати понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Го постигна еден од најлудите голови во Серија А, а сега објави пензија 🎥

Французинот Жереми Менез објави дека заминува во пензија на 37-годишна возраст. Сезонава М…