Јувентус и трета година во низа ќе се обиде да го реализира трансферот на еден од најдобрите бекови во последната деценија, Марсело.
Бразилецот од Реал Мадрид во претходните два летни преодни рока беше желба на „Старата дама“, но трансферот не се реализираше. Минатото лето во Торино сакаше да го види неговиот пријател Кристиано Роналдо. Јувентус се обиде, но Реал не сакаше да го продаде Бразилецот затоа што му немаше спремено адекватна замена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега е поинаку, Марсело го изгуби местото во стартниот состав во Реал. Медиумите пишуваат и дека Јувентус сега е посериозен бидејќи италијанскиот гигант има проблеми на та апозиција. Целиот терет падна на Алекс Сандро, повремен ого менуваше Де Шиљо кој по природа не е лев бек. Затоа Сари инсистира на да се доведе играч кој ќе биде конкуренција на Сандро.
Наводно претставници на Реал и Јувентус непосредно пред почетокто на пандемијата на коронавирусот требало да се сретнат. На тој состанок Јувентус сакал да се информира за условите според кој Реал би прифати ла го продаде Марсело.