Дома Трансфер зона Јувентус се вклучи во трката за ѕвездата на Вулверхемптон

Јувентус се вклучи во трката за ѕвездата на Вулверхемптон

Јувентус е последниот гигант кој се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Вулверхемптон, Адама Траоре, пренесуваат медиумите на Островот.

24-годишниот Траоре е продукт на школата на Барселона, а покажува одлични партии во дресот на Вулверхемптон и го привлече вниманието на Манчестер Сити и Ливерпул.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Италијанскиот шампион го сака Траоре поради неговата поливалентност бидејќи може да игра како крило, но и како централен напаѓач.

24-годишниот Траоре е проценет на 90 милиони евра, но тешко дека споменатите клубови ќе ја платат таа сума во период на финансиска криза.

Медиумите на Островот тврдат дека главната битка за неговиот потпис следното лето ќе ја водат Манчестер Сити и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…