Дома Трансфер зона Јувентус сака соиграч на Нестор, Удинезе бара најмалку 35 милиони евра

Јувентус сака соиграч на Нестор, Удинезе бара најмалку 35 милиони евра

После заминувањето на Миралем Пјаниќ и доаѓањето на Артур Мело, Јувентус сака ново освежување во средниот ред – Родриго Де Паул.

Сами Кедира и Блез Матуиди се веќе „отпишани“, а и Арон Рамзи кој не покажа многу не е баш најсигурен. Се споменуваше Жоржињо, меѓутоа сега како нова опција се појави Родриго Де Паул.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинецот со италијански пасош игра одлично во Удинезе и неколку преодни рокови се поврзува со трансфер во поголем клуб, сепак тоа до сега не се случи. Јувентус ќе се обиде да ги искористи добрите односи со Удинезе за да дојде до пол позиција.

На „Фриули“ немаат ништо против трансферот, псоебно во овој кризен период, но само под услов Јувентус да го исплати она што тие го бараат. Удинезе за Де Паул бара најмалку 35 милиони евра.

Ќе потсетиме Де Паул долго се споменуваше како желба на Интер, но тие најави секогаш завршуваа како шпекулации. Де Паул за Удинезе минатата сезона одигра 35 натпревари и собра седум голови и асистенции. Неговиот договор со Удинезе има важност до 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…