Дома Трансфер зона Јувентус продаде италијански репрезентативец

Јувентус продаде италијански репрезентативец

Италијанскиот шампион Јувентус постигна договор со Удинезе за трансфер на на Роландо Мандрагона, пренесуваат медиумите на Апенините.

Мандрагона, кој неодамна дебитираше за италијанската репрезентација ќе се пресели на „Фриули“ за 20 милиони евра, но Јувентус ќе има шанса повторно да го реоткупи во следните две години за сума од 24 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Последната сезона Мандрагона беше на позајмица во Кротоне каде што одигра одлично и го привлече вниманието на многу клубови во Серија А.

Јувентус одлично заработи од неговата продажба, притоа ќе има шанса да го врати во своите редови во следните две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…