Откако Фиорентина потврди дека Влаховиќ нема да го продолжи договорот, започна битката за неговиот потпис.
Влаховиќ има договор со Фиорентина до јуни 2023 година, па Фиорентина е спремна да го продаде, а главен кандидат за неговиот потпис е Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Старата дама“ сака уште во јануари да го донесе напаѓачот во своите редови, но ќе треба да понуди најмаку 60 милиони евра.
За таа цел „бјанконерите“ се спремни да продадат некои свои фудбалери, а прв на листата е Дејан Кулушевски, кој не влегува во плановите на тренерот Алегри.
Покрај Кулушевски, Јувентус е спремен да ги продаде Рамзи и Бернардески за да собере средства за трансферот на Влаховиќ.