Дома Фудбал Италија Јувентус потврди: Ако се пласираме во ЛШ, Пирло останува

Јувентус потврди: Ако се пласираме во ЛШ, Пирло останува

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи изјави дека Андреа Пирло ќе остане на кормилото на „старата дама“ под еден услов.

Јувентус игра лоша сезона и го доведе во прашање пласманот во Топ 4, па медиумите шпекулираат дека на крајот на сезоната Пирло сигурно ќе добие отказ.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, Паратичи тврди дека доколку „бјанконерите“ обезбедат пласман во Лига на шампиони за следната сезона,Пирло сигурно ќе остане на кормилото.

„Доколку обезбедиме пласман во ЛШ за следната сезона, Пирло сигурно ќе остане на клупата на Јувентус“, истакна Паратичи.

Сепак, прашање е дали со оваа изјава само сака да го трге притисокот во клучните натпревари или ја кажува вистината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…