Обвинителството од Торино покрена истрага против Јувентус за можните финансиски малверзации направени од 2019-та до 2021-ва година.




Обвинителството има сомнежи дека раководството на клубот ги фалсификувале своите завршни годишни извештаи.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Јувентус е под истрага за лажирани сметководствени сметки за време на Ковид пандемијата и под истрага се дури 16 директори на клубот, меѓу кои и претседателот Андреа Ањели и легендарниот Павел Недвед.




„Газета дело Спорт“ открива дека е пронајден еден документ потпишан од Јувентус и Кристиано Роналдо за одложено исплаќање на 20 милиони евра по завршување на Ковид пандемијата, но овој документ досега бил таен и криен од страна на клубот.




Ова го става во непријатна ситуација и Роналдо, бидејќи финансиската полиција сега ќе бара изјави од двете страни.