Фудбалскиот репрезентативец на Србија, Сергеј Милинковиќ Савиќ и понатаму се наоѓа на мета на Јувентус.
Италијанските медиуми пишуваат дека Савиќ е прв избор за „старата дама“ во случај Пјаниќ да го напушти клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Понудата за која се шпекулира во медиумите во оваа земја го вклучува и Хрватот Марко Пјаца кој би бил понуден на Лацио покрај оштетата од 90 милиони евра.
Сепак, не е познато колку оваа понуда би ги задоволила апетите на „тврдиот“ преговарач Клаудио Лотито кој бара 150 милиони евра и свесен е дека Сергеј се поврузва со Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Челзи, клубови кои би можеле да ја платат бараната сума.
Савиќ минатата сезона во дресот на Лацио одигра 48 натпревари и постигна 14 погодоци, додека за селекцијата на Србија настапи на седум натпревари и беше дел од Мундијалот во Русија.