Вчера Јувентус ја победи Џенова со 3:1 во рамките од Серија А, а италијанските медиуми пренесуваат дека и покрај тоа Роналдо бил бесен во соблекувалната.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Роналдо бил лут и нервозен кога влегол во соблекувалната по натпреварот. Се пишува дека Роналдо беснеел, удирал во ѕидот и го фрлил дресот на земја.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Засега не е јасно поради што била нервозата кај Португалецот. Во текстот се додава и дека Роналдо го напуштил стадионот без да разговара со ниту еден свој соиграч.