Челзи и Јувентус преговараат за трансфер на Матијас де Лихт на „Стенфорд Бриџ“, а се поизвесно е дека во преговорите ќе биде вклучен уште некој фудбалер.




Де Лихт е примарна трансфер цел на „сините“ кои ова лето останаа без Кристенсен и Рудигер, па веќе започнаа преговори со Јувентус.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Првата понуда на Челзи изнесува 40 милиони евра плус Тимо Вернер, пренесува „Скај Италија“. Јувентус се отворени за можноста да биде вклучен фудбалер, но го сакаат Жоржињо или Канте.




Притоа, „бјанконерите“ бараат поголема сума на пари, бидејќи го проценуваат Де Лихт на 85 милиони евра.




Италијанските медиуми пренесуваат дека големи се шансите Челзи да се согласи во понудата да го вклучи Жоржињо, бидејќи влезе во последната година од договорот и сака да се врати во Серија А.