Уште еден фудбалер на Јувентус дал позитивен тест на коронавирус, а станува збор за Вестан Меккени, пренесоа италијанските медиуми.
Поради тоа раководството на Јувентус донесе одлука целиот тим да замине во самоизолациа во тренинг центарот уште вечерва.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Позитивен е и Кристиано Роналдо, кој не е со тимот и се наоѓа во Португалија, но ќе пристигне во Торино доцна вечерва и веднаш ќе биде ставен во карантин.
Од клубот потврдија дека веднаш ќе бидат направени нови тестови и сите кои ќе бидат негативни ќе продолжат со редовните тренинзи.
Во моментов во тренинг центарот на Јувентус има мал број фудбалери бидејќи повеќето се со своите репрезентации, но по нивното враќање веднаш ќе бидат тестирани.