Дома Фудбал Италија Јувентус обвинет дека имал поврзаност со мафијата!

Јувентус обвинет дека имал поврзаност со мафијата!

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија го обвини претседателот на Јувентус Андреа Ањели и неколкумина функционери во „старата дама“ поради неправилности во продажбата на влезници и соработката со „ултрасите“ кои наводно работеле со мафијата.

Сомнежите се појавија последната недела и ситуацијата се заканува да ескалира, но челниците на Јуве засега се мирни.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Заедно со Франческо Калво, тогашниот директор, и Алесандро Данџело и Стефано Меруло, јас сум повикан на сослушување. Овој клуб, како ни јас, нема причини да лаже и затоа сум тука пред вас. Не обвинуваат за организиран криминал, но на таков удар се наоѓаме десет години. Одземени ни се две титули, исфрлени сме во втора лига, а сега ова. Никогаш не сум се сретнал со мафијата, разговараме само со навивачки групи”, изјави претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

Адвокатот Пјерфилипо Капело, син на легендарниот тренер Фабио, рече дека Јувентус ризикува да се соочи со казни и финансиски санкции, а Ањели со можна суспензија, но дека сѐ зависи од сослушувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …