Како што пренесуваат италијанските медиуми, Јувентус не се откажал од ѕвездата на ПСЖ, Адриен Рабио.
Вчера француските медиуми потврдија дека Рабио уште еднаш го одбил новиот договор на ПСЖ и сигурно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рабио на крајот на сезоната ќе стане слободен играч, а листата на клубови кои го сакаат во своите редови е се поголема.
Барселона и Манчестер Сити важат за фаворити за неговиот потпис, но „Тутоспорт“ пренесува дека Јувентус не се откажал од Французинот и ќе направи се да го убеди да се пресели во Торино.
23-годишниот плејмејкер веќе одигра повеќе од 200 натпревари за ПСЖ и важи за еден од најталентираните играчи за врска во светот.
Не е исклучено тој да биде продаден уште во јануари, доколку ПСЖ сака да заработи на неговото заминување, но во секој случај Рабио ќе биде слободен во јануари да потпише преддоговор со новиот клуб.