Веќе подолго време се шпекулира со иднината на Пауло Дибала на кого договорот со Јувентус му истекува на крајот на сезоната.




Двете страни не можат да најдат заеднички јазик околу продолжување на соработката, па се поизвесно е дека Аргентинецот ќе замине на крајот на сезоната како слободен агент.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Јувентус веќе почна да бара замена за Дибала, а прво име на списокот е ѕвездата на Сасуоло и италијански репрезентативец Џакомо Распадори.




Распадори важи за еден од најголемите италијански таленти и игра уште една одлична сезона, па Јувентус сака што е можно побрзо да ја победи конкуренцијата.




„Старата дама“ има одлични односи со Сасуоло и се очекува наскоро да започне преговори, а трансферот би требало да чини помеѓу 30 и 40 милиони евра.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!